Цели - Опсег на проектот

IpA Shield II project

Цели

Опсег на проектот

Главната цел проектот IpA Shield II е подобрување на ефективноста на примарните и превентивните услуги во прекуграничната област со надградување на постојните медицински услуги и опрема и поставување нови, нагласувајќи ја превенцијата од Дијабетис. Во овој контекст, проекетот IpA Shield II е целосно усогласен со Специфичната Цел на Програмата 1.2 “Подобрување на превентивната здравствена заштита и социјалните услуги на деца и постари лица”.

Покрај тоа, проектот има за цел:

1. максимизирање на ефективноста на здравствените и медицинските ресурси на болниците и здравствените центри со цел обезбедување напредни услуги на граѓаните..
2. подобрување на квалитетот на живот преку системска надградба на здравствените услуги.
3. спречување на потенцијални здравствени проблеми.
4. намалување на потенцијалните пациенти со дијабетис.
5. воспоставување соработка на здравствени теми.
6. создавање на силен канал за соработка помеѓу здравствените институциите со цел за негово проширување кон сите прекугранични здравствени единици.
7. развој на инфраструктурата и снабдување со опрема за подобрување на здравствените и медицинските услуги кон граѓаните од прекуграничната област, спасувајќи човечки животи.

резултати

Очекувани резултати

Очекуваните резултати од проектот IpA Shield II се:

• Набавка на медицинска опрема од огромно значење за 2 Општи Болници 4 Здравствени Центри во прекуграничната област или поточно: (i) Општата Болница во Кукуш, (ii) Јавната Здравствена Установа: Општата Болница во Гевгелија, (iii) Здравствените Центри во Гумениса, Дросатро, Поликастро и Валандово.

• Надградба на системот за кислород во Општата Болница во Кукуш

• Модернизација на комуникацискиот систем за амбулантните возила на ЕКАБ на Подрачната Единица во Кукуш.

• Спроведување на прегледи за дијабетис фокусирани на деца и постари лица.

• Воспоставување и работење на центар за дијабетис фокусиран на спречување на болеста и информирање на локалното население во Општата Болница во Гевгелија.

• Имплементација на 4 програми за обука на родители за прва помош на деца во Кукуш и Гумениса.  

• Спроведување на информативна кампања за информирање и сензибилизација на локалното население во врска со Дијабетисот.

• Спроведување на низа информативни активности: печатен информативен материјал, написи, видеа, веб-страница.