Историја на Проектот

IpA Shield II project

Историја на

Проектот

Проектот IpA Shield II е продолжение на успешниот прекуграничен проект под наслов “IpA Shield: Зеднички Активности за заштита и унапредување на јавното здравје во Прекуграничната Област”, кој беше одобрен и имплементиран во рамките на 3от Повик за предлози на ИПА CB програмта Грција-Република Северна Македонија 2007-2013. Проектот IpA Shield имплементиран во претходниот програмски период, резултираше со значително подобрување на здравствените инфраструктури и услуги за Општата Болица во Кукуш и Општата Болица во Гевгелија, придонесувајќи и во подобрувањето на квалитетот на живот во прекуграничната област.Сепак, здравствените единици во прекуграничната област на Грција и Република Северна Македонија во најголем дел, сеуште располагаат со стари медицински инфраструктури и опрема што продолжува да ги ограничува нивните капацитети, додека нивната територијалната одговорност офаќа население од 126.706 лица, тие се глави здравствени установи во префектурата на Кукуш и општините на Гевгелија и Валандово-области што се карактеризираат со значителна стапка на рурално население. Во исто време, нивоата на деца и постарата популација- две групи кои се со зголемени побарувања за добри здравствени услуги-се високи.

Според SWOT Анализата на програмата и Анализата на моменталната состојба, населението во прекуграничната област се соочува со значителни здравствени предизвици, особено во оддалечените области. Додека здравствените инфраструктури се задоволителни во однос на квантитетот но не и во квалитетот. Зголемувањето на сиромаштијата во прекуграничната област сега врши поголем притисок врз здравствените системи, поставувајќи го како висок приоритет подобрувањето на нивната ефикасност. Намалувањето на јавните инвестиции во јавното здравство ја прави имплементацијата на овој проект неопходна. Резултатите од придружните програми за превентивна здравствена програма покажаа дека огромно мнозинство на деца никогаш не посетиле доктор и како последица на тоа имаат здравствени проблеми што можеле да се спречат како на пример дијабетис. Дијабетисот е најбрзо растечка здравствена закана, и на Европско ниво се предвидува двојно зголемување на нови случаи на дијабетис тип 1 кај деца помлади од 5 години.

Земајќи го во предвид ова и нивниот обид да ја валоризираат нивната предходна ефективна и ефикасна соработка, двете болници одлучуваат за проширување на нивното партнерство со цел да ги зголемат придобивките за локалното население и да опфатат поширока област во прекуграничната област.

Централната потреба што го поттикна развојот на проекетот беше подобрувањето на целокупната ефективност во покривање на примарните потреби на прекуграничното население во однос на инфраструктурата и услугите, како и превенцијата на сериозен здравствен проблем што ги погодува особено децата и старите лица. Обемот на проектот е да се подобри ефикасноста на здравствениот систем во целина преку подобрување на постојните инфраструктури и превентивна здравствена заштита, со цел да може да се обезбедат надградени здравствени услуги во прекуграничната област. Засега, постојните здравствени единици не може да се соочат со многу инциденти, затоа вообичаена практика е транспорт во поголеми и поцентрализирани болнички единици.Покрај тоа, многу случаи на дијабетис може да се избегнат. Со оглед на тоа дека подобрувањето на превентивната здравствена заштита на деца и постари лица во руралните области е една од главните цели на програмата и фактот дека подобрувањето на здравствените и медицинските услуги може значително да придонесе за надградување на квалитетот на живот и намалување на нееднаквостите во здравството доведоа до развој на овој проект.