Корисници
IpA Shield II project
Партнерство
Корисници
Општа Болница на Кукуш

Општата Болница во Кукуш е основана во 1928. Таа обезбедува значителни здравствени услуги и претставува најважна здравствена единица на Регионалната Единица на Кукуш.Општата Болница е под надзор на 4от Здравствен Округ на Македонија и Тракија и работи како независна децентрализирана едниница, која има финансиска и административна автономија. Има двесте петнаесет (215) кревети. Болницата се состои од следниот персонал: Медицински персонал, Медицински Сестри, Финансиски Менаџмент, Оддел за Компијутерски Науки и Рецепција. Вкупниот персонал е 448 лица и се состои од медицински персонал (92), медицински сестри (289), администрација (41), немедицински-технички персонал (26). Освен имплементацијата на IpA Shield во рамките на програмата ИПА CBC “Грција-Република Северна Македонија 2007-2013” Болницата во Кукуш има значително искуство во спроведување на проекти, на национално и Европско ниво.
Адреса: 1,Носокомиу ул, Кукуш, 61100
Земја: Грција
Веб-страница: www.ghkilkis.gr
Е-пошта: grammatia@ghkilkis.gr
Јавна Здравствена Установа Општа Болница-Гевгелија

ЈЗУ Општа Болница–Гевгелија е јавна здравствена установа за обезбедување на здравствени услуги во следниве области: здравствена заштита и лекување; специјалистичко-консултативна стручност; физикална терапија, и медицинска рехабилитација. Седиштето на ЈЗУ Општата Болница е во Гевгелија, и обезбедува здравствена заштита на териториите на општините Гевгелија, Богданци, Дојран, и Валандово. Основните цели на болницата вклучуваат: обезбедување на здравствена заштита; едукација на населението за заштита од болести; примена на современи методи на лекување; едукација на постојниот кадар и новиот персонал; подобрување и модернизација на опремата за лекување, и подобрување на болничките услови за лекување на пациентите. Има вкупно 162 вработени како медицински и административен кадар. Болницата учествуваше во IpA Shield проектот, има управувано со многу национални проекти поврзани со јавното здравје и има дирекна соработка со Универзитетот во Скопје.
Адреса: Слободан Митров Данко Бр. 38, 1480 Гевгелија
Земја: Република Северна Македонија
Веб-страница: –
Е-пошта: opstabolnicagevgelija@yahoo.com
4тиот Здравствен Округ на Македонија и Тракија

4тиот Здравствен Округ на Македонија и Тракија е одговорен за планирање, координирање, надзор и контрола на 16 болници, 37 Здравствени Центри, Единици за Социјална Грижа, центри за ментално здравје и центри за рехабилитација во прекуграничните Регионални Едниници на Солун, Кукуш, Серес, Драма, Кавала, Ксанти, Родопи и Еврос, како и во Халкидики.
Има седиште во Солун и е дирекно поврзан со Министерството за Здравство и Социјална Солидарност, со кое што соработува предлагајќи здравствени политики, мерки и предлози насочени кон посеофатно и ефикасно доставување на здравствените услуги на популацијата во регионот.
Има седиште во Солун и е дирекно поврзан со Министерството за Здравство и Социјална Солидарност, со кое што соработува предлагајќи здравствени политики, мерки и предлози насочени кон посеофатно и ефикасно доставување на здравствените услуги на популацијата во регионот.
Адреса: 2, Ерму ул. 546 25, Солун
Земја: Грција
Веб-страница: www.4ype.gr
Е-пошта: girtzimani@4ype.gr
Здравствен Дом Валандово

Здравствен Дом Валандово е основан во 1965 и има вработено 67 лица.Од кои 11 доктори и 32 медицински сестри. Обезбедува медицински услуги во пошироката област во Валандово.
Адреса: Л.Колишевски 1 Валандово
Земја: Република Северна Македонија
Веб-страница: –
Е-пошта: valandovozd@t.mk
Национален Центар за Итна Помош

Националниот Центар за Итна Помош е тело регулирано со јавно право–основано во 1985, под надзор на Министерство за Здравство. Работи низ цела Грција, преку седиштето во Атина и нејзините 12 одделенија.
Главната мисија на Националниот Центар за Итна Помош е координација за обезбедување на итна помош и итна здравствена заштита на граѓаните, како и нивно пренесување во медицинските здравствени едниници со амбулантните возила од возниот парк.Националниот Центар за Итна Помош значително придонесува за:
- надградба на здравствените услуги во Грција
- непосредно обезбедување на добро организирани итни предболнички здравствени услуги што резултира во намалување на стапката на смртност и смртни случаи што можат да се избегнат, должината на болничкиот престој и преваленца на привремена или трајна попреченост
- намалување на трошоците на здравствените услуги
- зајакнување на чувството на безбедност особено за граѓаните во оддалечените лишени области
Со цел да се обезбеди висок квалитет на здравствени услуги низ цела Грција, Националниот Центар за Итна Помош вработува многу искусни човечки ресурси вклучувајќи повеќе од 90 доктори и 3,690 спасувачи кои се екипи на амбуланти, а исто така располага со повеќе од 1,000 средства за транспорт вклучувајќи и мобилни едниници, хеликоптери и други превозни средвства низ цела Грција.
Адреса: Крајот на Игија Улица, 11527, Атина
Земја: Грција
Веб-страница: www.ekab.gr
Е-пошта: ekab@ekab.gr