Рамка
Interreg ИПА CBC Програма Грција – Република Северна Македонија 2014-2020
Рамка
Interreg ИПА CBC Програма Грција – Република Северна Македонија 2014-2020
Interreg ИПА CBC Програма Грција – Република Северна Македонија 2014-2020 е програма за Европска Територијална Соработка што ја поддржува регионалната соработка помеѓу Грција и Република Северна Македонија. Општата цел на Програмата е подобрување на територијалната кохезија преку подобрување на животниот стандард и можностите за вработување имајќи ја во предвид животната средина и користејќи природни ресурси за надградба на туристичките производи
Двете Приоритетни Оски на Програмата се:
1. Развој и Поддршка на Локалната Економија
2. Заштита на Животната Средина – Транспорт
Буџет
Вкупниот буџет доделен на Програмата е 45.470.066,00€, од кои 38.649.552,00€ (85%) е поддршка на Унијата и 6.820.514,00€ (15%) Национален Еквивалент.
Вклучени региони
5 Nuts III Региони: Солун, Пела, Кукуш, Серес и Лерин
Република Северна Македонија
4 Nuts III Региони: Пелагонија, Вардар, Југоисток и Југозапад

Очекувани резултати
• Подобрени здравствени и социјални услуги за населението што живее во прекуграничниот регион
• Отворање на работни места во туристичкиот сектор
• Подобрен пристап до локалните транспортни инфраструктури, побрзи врски со главните коридори, ефикасни услуги на граничните премини, транспортни услуги со употреба на иновативни технологии
• Подобрени системи за управување со отпад или рециклирање
• Подобрени мерки за справување со природните ризици (поплави, шумски пожари) и заштита на животната средина
ПО 1: Развој и Поддршка на Локалната Економија
Приоритетна Оска 1. Развој и Поддршка на Локалната Економија
ПО1. Развој и Поддршка на Локалната Економија промовира вработување и мобилност на човечките ресурси, и има за цел да ги подобри здравствените и социјалните инвестиции и услуги. Ја поддржува заштитата на природните и културните наследства со цел да се подобри привлечноста и да се поттикне туризмот во прекуграничната област.
Специфични Цели
1.1: Создавање можности за вработување на образовани дипломирани студенти со искористување на компаративните предности во прекуграничната област, по можност со употреба на иновативни алатки и практики
1.2: Подобрување на превентивната здравствена заштита и социјалните услуги за деца и постари лица главно во руралните прекугранични области
1.3: Подобрување на привлечноста и промовирање на туризмот во прекуграничната област со промовирање и капитализирање на природните и културните добра